Дома Фудбал Коло Муани: Секогаш треба да се бориш, таков е фудбалот

Коло Муани: Секогаш треба да се бориш, таков е фудбалот

Францускиот напаѓач Рандал Коло Муани, кој зимава пристигна во Јувентус како позајмен играч од Пари Сен Жермен, зборуваше за “Канал плус” за предностите на играњето во Италија по триумфот на ‘бјанконерите’ против ПСВ со 2:1 во плеј-офот од нокаут фазата на Лигата на шампионите.

Францускиот репрезентативец, познат по промашената шанса за гол во завршницата од финалниот дуел со Аргентина на СП во Катар пред три години, одигра само 14 натпревари (два како стартер) и 453 минути за „светците“, а ангажманот во торинскиот гигант го гледа како можност да се докаже.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тоа е дел од патот на фудбалерот. Секогаш треба да се бориш, да стремиш кон напредок, да се туркаш и да не се откажуваш. Целта е да работам и да не се откажувам“, нагласи 26-годишниот напаѓач .

Oд доаѓањето на Јувентус, Муани игра одлично и веќе има пет погодоци зад своето име.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандскиот голман на 43 години смени клуб

Поранешниот голман на Ајакс, Ремко Пасвер кариерата ќе ја продолжи во Хераклес. Искусниот …