Дома Фудбал Колку победи, толку повреди – тежок крај на февруари за Јувентус

Колку победи, толку повреди – тежок крај на февруари за Јувентус

Фудбалерите на Јувентус сè подобро стојат во италијанскиот шампионат, бидејќи се единствениот тим кој остварил сите четири победи во Серија А во текот на февруари, но далеку дека поради тоа „цутат рози“ во тимот на Тијаго Мота.

Иако елиминацијата од ПСВ Ајндховен во плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите е резултат кој не одговара на амбициите на клубот, квартетот победи на „чизмата“ ја врати вербата кај симпатизерите на „старата дама“ дека клубот е на вистинскиот пат.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сепак, како што сите големи успеси се платени со жртви, серијата на Јувентус не можеше да пројде безболно, што може да се забележи од се подолгата листа на повредени фудбалери.

Гостувањето на Сардинија и триумфот против Каљари го зголеми списокот за дури три нови имиња, откако натпреварот со болка го завршија Даглас Луис, Андреа Камбијасо и Николо Савона.

Бразилскиот фудбалер се врати на терените синоќа откако го немаше на дуелите против Интер и ПСВ, но гостувањето на Сардинија нема да го памети по добро, туку по повредата на флексорот поради која денес ќе биде подложен на медицински третман.

Што се однесува до Камбијасо, овој фудбалер претрпе повреда на препоните откако се врати во составот по проблемот со глуждот, а проблем со мускулите почувствува и Николо Савона кој воопшто не отпатува на Сардинија со соиграчите.

Јувентус следниот натпревар ќе го игра веќе во среда навечер против Емполи во четвртфиналето од Купот на Италија, па дотогаш ќе биде јасно дали степенот на повредата е таков што Мота ќе ги поштеди од предизвиците во помалку значајното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рускиот великан нуди 20 милиони евра за напаѓачот на Рома

Зенит испратил понуда од 20 милиони евра за напаѓачот на Рома Тами Абрахам, пренесува Џанл…