Дома Фудбал Кои се квалификуваше директно на СП 2026, а кои во бараж? (Фото)

Кои се квалификуваше директно на СП 2026, а кои во бараж? (Фото)

Квалификациите за Светското првенство 2026, чиј домаќини ќе бидат Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави се завршени, барем кога се работи за селекциите под УЕФА – не сметајќи го исходот во бараж-натпреварите.

Победниците на 12 квалификациски групи ќе настапат на најпрестижното фудбалско првенство, додека оние кои го освоија второто место, заедно со четири најдобро рангирани селекции по групи во Лигата на нации, ќе одат во бараж во март следната година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, оние кои успеале, а заклучно со вторник навечер остануваат уште „само“ девет места за пополнување, имаат повод за славење, а од европските селекции првпат во овој век директен пласман изборија Норвешка, Австрија и Шкотска – сите три селекции играа во Франција 1998.

Доколку ве интересира како се распределени европските земји учесници (црвена боја), како и оние чии селекции ќе се натпреваруваат во бараж (портокалова боја), погледнете ја картата подолу:

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал блиску до договор со ѕвездата на Баерн

Реал Мадрид следи голем број стопери, а наводно сега Дајо Упамекано е трансфер цел број ед…