Дома Моторспорт Кој ќе биде шампион во Формула 1? Последната пол-позиција за Ферстапен!

Кој ќе биде шампион во Формула 1? Последната пол-позиција за Ферстапен!

Сегашниот светски шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата на последните квалификации за оваа сезона пред трката во Абу Даби.

Ферстапен дојде до најдобрата стартна позиција на патеката „Јас Марина“ со време 1:22.207, со предност од две десетинки пред Ландо Норис во болидот на Мекларен.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Особено треба да се истакне дека овој дуел, инаку главни кандидати за титулата, на утрешната трка ќе го следи и вториот возач на Мекларен, Оскар Пиастри, кој забележа заостанување од 28 милисекунди зад својот тимски колега.

Инаку, ова е првпат по 15 години пред последната трка од сезоната дури тројца возачи да имаат можност да ја освојат титулата светски шампион во рангирањето на возачите.

Трката за Големата награда на Абу Даби се вози утре со почеток во 14 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Кими испиша историја – доминација на Мерцедес во Шангај

По двојната победа во Австралија (Расел победи пред Антонели), видовме дека Џорџ во спринт…