Дома Фудбал Кога неколку зборови ќе ги засенат осумте голови: Пораката на братот на Мејну ја покри спектаклот (Фото)

Кога неколку зборови ќе ги засенат осумте голови: Пораката на братот на Мејну ја покри спектаклот (Фото)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа спектакуларен дуел синоќа за затварање на 16-то коло во Премиер лигата, но дуелот со осум голови донекаде го остави во сенка неразјаснетиот статус на талентираниот играч првотимец на „црвените Ѓаволи“ Коби Мејну, кој не е во првите планови на менаџерот Рубен Аморим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерот, кој ги имаше најблескавите моменти во Јунајтед под водство на Ерик тен Хаг, и чиј врв беше достигнат за време на Европското првенство минатата година, доби шанса синоќа во последните половина час од натпреварот и само на моменти ја покажуваше раскошната дарба.

Неговите неспорни фудбалски вештини останаа во сенка на головите што како водопади паѓаа на „Театрот на соништата“, а вниманието пред почетокот на натпреварот го привлече неговиот полубрат кој се појави во маичка со натпис “ослободете го Коби” што предизвика поделби меѓу навивачите на клубот.

Фотографијата со натписот што испраќа јасна порака до Аморим ја поддржа и сегашниот играч на Челси Алехандро Гарначо, кој токму поради несогласувања со тренерот го напушти клубот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гави инсистира ФИФА да го помилува Паредес (Видео)

Фудбалерот на Барселона и шпанската репрезентација Гави изјави дека смета оти аргентинскио…