На состанокот на сите клубови од шпанската прва и втора лига се зазеде став дека итно треба да се санкционира Реал Мадрид поради притисок врз судиите.
Ова беше прв ваков состанок во Шпанија, а единствениот клуб кој не испрати свој претставник беше Реал Мадрид.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Кралскиот клуб со овој потег јасно испрати порака што мисли за тој собир и за судиската организација поради неодамнешните спорни одлуки на негова штета за време на мечот со Еспањол, кој актуелниот шампион на Шпанија го загуби со 1:0.
После тој натпревар, се крена голема бура во јавноста и Реал издаде официјално соопштение. Се огласија и Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид, имаше и други коментари и сите тие се собираат во еден глас – соопштението на Реал се гледа како чист притисок врз судиите.
„На клубовите од Ла Лига им е доста од обвинувањата на Реал Мадрид и притисоците врз судиската заедница. На состанокот со Фудбалската федерација на Шпанија, ЛаЛига и Техничкиот комитет на судии покажаа незадоволство од однесувањето на Реал и бараат да се преземат мерки“, пишува мадридската „Марка“.
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Рафаел Лузана, овој состанок го нарече историски, бидејќи претставниците на клубовите и судиската организација првпат отворено можеа да дискутираат за сите горливи прашања.