Дома Фудбал Клубови со најголема заработка, Реал надмина милијарда

Клубови со најголема заработка, Реал надмина милијарда

Меѓународната консултантска компанија „Делаит“ објави листа на клубови со најголеми приходи во сезоната 2023/24.

Реал Мадрид е на првото место, притоа е првиот клуб во историјата чиј приход за сезоната надмина 1 милијарда евра и изнесуваше 1,046 милијарди.


Реал Мадрид од продажба на билети заработил 247.600.000 евра, од ТВ права 316.300.000 евра, додека од комерцијални активности искеширале 481.500.000 евра.

На табелата на клубови со најголема заработка во светот на врвот се Манчестер Сити и ПСЖ со над 800 милиони, додека Манчестер Јунајтед, Баерн, Барселона, Арсенал и Ливерпул имаат меѓу 700-800 милиони.

Интересно, италијанските клубови се само на 13-то и 14-то место, Милан и Интер заработија нешто помалку од 400 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВИДЕО Стоперот на Барселона падна од автобус при прославата на улиците на градот

Апсолутен владетел на Шпанија оваа сезона е Барселона. Тројната круна ја заокружи со освој…