
Јирген Клоп следниот месец ќе се врати во Ливерпул – но не како тренер.
Како што беше објавено во вторникот, Клоп ќе биде почесен гостин и говорник на свечената вечера која секоја година ја организира Фондацијата на Ливерпул. Настанот ќе се одржи во катедралата во Ливерпул и традиционално собира бројни сегашни и поранешни ѕвезди на клубот од Енфилд.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Оваа година, меѓу посебните гости ќе биде и Клоп.
Локалните медиуми сè уште не потврдија дали Клоп ќе присуствува и на последниот натпревар од сезоната, кога Ливерпул ќе го пречека Кристал Палас, но новиот менаџер на Црвените, Арне Слот, веќе му упати покана.
Откако веста беше објавена на социјалните мрежи, навивачите веќе зборуваат за тоа како треба да му приредат соодветно добредојде на легендарниот тренер.