Дома Фудбал Клоп и денес жали што не го донесе во Ливерпул: Единствениот фудбалер за кој се каам во животот

Клоп и денес жали што не го донесе во Ливерпул: Единствениот фудбалер за кој се каам во животот

Јирген Клоп со Ливерпул освои скоро сѐ што можеше, а додека ужива во одмор од тренерската работа, се појавува почесто во јавноста отколку обично, па така откри и за кој играч жали што не го доведе на Енфилд.

Клоп речиси десет години помина во Ливерпул и овој клуб го врати на самиот врв на светскиот фудбал.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, по девет сезони одлучи дека е време за одмор и минатото лето го напушти Ливерпул и зема пауза кога станува збор за тренерската работа.

Германскиот стручњак моментално ја обавува улогата на спортски директор во Ред Бул групацијата и е задолжен за Лајпциг, Њујорк, Омија, Лидс, Париз и Брагнтино на глобално ниво.

Меѓутоа, Клоп има многу повеќе слободно време за да се појавува во медиумите и да говори за актуелностите во фудбалот, но и да се осврне на својата тренерска кариера.

Така, во едно интервју зборуваше за своето време во Ливерпул, а новинар го праша Клоп дали постои фудбалер за кој жали што не го доведе на Енфилд додека беше тренер на англискиот клуб.

На Клоп не му беше потребно многу време за размислување и наведе за кого жали што никогаш не го доведе во Ливерпул.

„Единствениот фудбалер за кој жали и се каам што не го доведов во Ливерпул е Сон Хеунг-Мин. Тој би се интегрирал фантастично во играта на Ливерпул,” призна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо најде ново засилување: Реал ќе плати 35 милиони евра за „чудо од дете“ од Мексико!

Реал Мадрид повторно докажува дека е решен да ја продолжи стратегијата за привлекување мла…