Германецот Јирген Клоп присуствуваше на првиот фудбалски натпревар откако беше назначен на функцијата шеф на глобалниот фудбал во групацијата Ред Бул.
Клоп го следеше натпреварот од Втората француска лига помеѓу Париз ФК и Амиен, кој домаќините го добија со резултат 1:0.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Една од неговите задачи е да го претвори францускиот второлигаш во водечки клуб во Франција.
“Сум дел од организација која е уникатна, иновативна и ориентирана напред. Јас сум ментор за тренерите и менаџментот на клубовите во групацијата Ред Бул,” изјави Клоп.
Jurgen Klopp was at the Paris FC vs Amiens game earlier today
— Sarah (@JATTSOPRANO316) January 11, 2025
He’s definitely a man of the people 🤳❤️ pic.twitter.com/d9w5Pol2by
Инаку, на чело на Париз е Антоан Арно, синот на францускиот мултимилијардер Бернард, додека Ред Бул е малцински акционер во овој клуб.
Клоп ја започна новата работа во октомври, а Париз е моментално на второто место на табелата со 34 бодови, исто колку што има и првопласираниот Лориен.
По натпреварот на Париз го очекуваат разговори со тренерот на Лајпциг Марко Розе, а веќе разговараше со техничкиот директор на Ред Бул Марио Гомез како и со генералниот директор на Ред Бул Оливер Минцлаф и извршниот директор на Лајпциг Марцел Шафер.
Исто така, Клоп ќе има задачи во Бразил со Сао Паоло и Ред Бул Брагантино како и во Њујорк Ред Бул, а се очекува следниот месец да го посети Јапонија за да ги следи натпреварите на Омија Ардија.
Иако Ред Бул има удел во Лидс Јунајтед, Клоп нема да преземе активна улога во овој англиски клуб поради неговото претходно поврзување со Ливерпул.