Aвстралиецот Ник Кирјос не остана без реакција по неодамнешниот допинг скандал со полската тенисерка Ига Швјонтек.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Швојнтек имала позитивен тест за турнирот во Синсинати, но помина со суспензија од само еден месец и тоа во период кога речиси и да не се игра тенис.
Слично како и во случајот на Синер кога критикуваше, Кирјос не е задоволен од казната.
„Најлесно е да се каже „не знаевме“, сите можеме тоа да го направиме. Кога сте професионалци на највисоко ниво за некои работи мора да сте свесни. Со вакви ситуации тенисот е готов“, изјави Кирјос.
Според Австралиецот без разлика на начинот, секој кој ќе има допинг тест мора да биде најстрого казнет.