
Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ги демантираше сите контакти со Барселона.
Претседателскиот кандидат за изборите во Барселона, Чави Вилахоана, изјави во текот на неделата дека неговите соработници веќе контактирале со Хари Кејн за да го договорат трансферот на англискиот напаѓач во случај на победа на изборите.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Сепак, Кејн тврди дека не знае ништо за тоа.
“Навистина не знам ништо за тоа. Мојот татко и брат се занимаваат со тие работи и ништо не ми кажале за какви било контакти. Многу сум среќен во Бајерн, целосно сум фокусиран на оваа сезона и продолжување на кариерата во Минхен. Сепак, признавам дека интересирањето на таков клуб е секогаш комплимент”, рече Кејн.
Англичанецот и оваа сезона е неверојатен, иако летово ќе наполни 33 години. На 36 натпревари во дресот на Бајерн постигна 43 гола и пет асистенции. Откако пристигна во Минхен, на 132 натпревари постигна 128 гола и забележа 31 асистенција.
Тој има договор со Бајерн до летото 2027 година, но според сите изгледи ќе потпише нов договор до јуни 2029.