Дома Фудбал Ќе има интересна битка: Уште еден европски гигант влегува во трката за Лукман

Ќе има интересна битка: Уште еден европски гигант влегува во трката за Лукман

Ова лето би можело да биде најголемиот чекор во кариерата на Лукман.

Нигерискиот напаѓач Адемола Лукман се приближува кон крајот на третата година со дресот на Аталанта со која има договор уште две години.

Но, како што е моментално, можеби веќе летово ќе ги промени клуските бои и ќе се врати на Островот, каде што веќе играл за Чарлтон, Евертон, Фулам и Лестер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лукман дојде во Аталанта од германскиот РБ Лајпциг во трансфер вреден 10,85 милиони евра, а сега „Трансфермаркт“ го проценува на дури 60 милиони, што доволно кажува колку добар потег направи со доаѓањето во клубот од Бергамо.

Во тековната сезона одигра 37 натпревари, постигна 18 голови, со седум асистенции, па впечатокот е дека сега е вистинско време за трансфер во некој од најголемите европски клубови.

Интерес има и сè поголем е бројот на заинтересирани европски клубови за неговите услуги. По Челси, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, но и Барселона и Јувентус, најновото име на таа листа е – лондонски Арсенал.

Таа вест ја објави Флоријан Платенберг, новинар на „Скај“, кој наведува дека Лукман влезе во потесниот избор на желби на Арсенал за летниот трансфер период. Тој исто така додава дека сè повеќе заинтересирани има за Лукман, како и дека Премиер лигата е можна опција за одличниот напаѓач.

Фото: Atalanta FC/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо ги постави условите пред Арапите! Еве ги деталите, Португалецот испраќа јасна порака дека е над клубот

Кристијано Роналдо повторно е во центарот на вниманието на меѓународната фудбалска јавност…