Дома Останати Ракомет Ќе гори Битола: Билетите за спектаклот со Барселона распродадени за рекордно време!

Ќе гори Битола: Билетите за спектаклот со Барселона распродадени за рекордно време!

Билетите за дербито помеѓу Пелистер и Барселона во рамки на Лигата на шампионите беа разграбани за рекордни осум минути, информираа од битолскиот клуб.

Неверојатниот интерес на навивачите гарантира дека „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последното место за дуелот со каталонскиот гигант, кој во среда (15 октомври) со почеток од 20.45 часот ќе гостува во „градот на конзулите“.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Европската ракометна елита повторно доаѓа во Битола, а ЕХФ ја довери судиската должност на турскиот тандем Курсад Ердоган и Ибрахим Едениз, додека делегат на натпреварот ќе биде Марко Тоси Бранди од Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

EХФ верува во Македонците: Дербито на колото за Начевски и Николов!

Европската ракометна федерација ги објави назначувањата за 10. коло во Лигата на шампионит…