Ракометната репрезентација на Македонија денеска го игра вториот натпревар од втората фаза на Светското првенство, а противник ќе ни биде селекцијата на Катар.
Катар е селекција која во своите редови има искусни ракометари и од клупата се предводени од поранешниот стратег на Вардар, Веселин Вујовиќ.
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
Македонија можеби има блага фаворитска улога пред дуелот, но далеку од тоа дека денес избраниците на Лазаров ќе имаат лесна задача.
Катар во претходното коло против Холандија загуби со гол во последната секунда од Холандија (38-37), а во натпреварот во еден момент имаа и четири голови разлика, па така и тоа е доказ дека можат да одиграат на високо ниво.
„Катар одигра неколку одлични натпревари на Светското првенство. Тоа е борбена селекција со многу натурализирани ракометари, кои прават разлика на теренот. Не очекува ептен неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво, ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат“, изјави селектоорт Лазаров пред овој натпревар.
Македонија по натпреварот со Катар в сабота ја очекува и третиот натпревар од оваа втора фаза против Франција во терминот од 20:30 часот.