Дома Фудбал Каталонците воодушевени: Погледнете како изгледа вториот тим на Барселона – и со него би доминирале во Ла Лига! (Фото)

Каталонците воодушевени: Погледнете како изгледа вториот тим на Барселона – и со него би доминирале во Ла Лига! (Фото)

Барселона во минатата сезона ги освои сите три домашни трофеи, и успеа четирипати да го совлада Реал Мадрид, додека елиминацијата од Интер во Лигата на шампионите остави единствено горчлив вкус во успесите.

Каталонскиот Спорт денес пишува за силата на Барселона и пред новата сезона. Во својот преглед, Спорт го анализира сегашниот состав по азиското турне кога Ханси Флик даде можност на сите играчи, вклучувајќи ги и младинците како што се – Дро, Тони Фернандес и Торентс.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


За Каталонците, сепак, е клучен еден фактор – длабочината на тимот, должината на клупата и ротацијата, како и вистинската конкуренција на секоја позиција.

Сите знаеме дека Флик, минатата сезона, во клучните натпревари се потпираше на стартната единаесетка, но ако ги составиме нивните „алтернативи“ во еден тим, пак ќе добиеме моќна единаесетка.

Очигледно е дека во овој момент само Жоан Гарсија влегува во стартниот состав на местото на Шчесни, додека новите засилувања Маркус Рашфорд и Рони Барџи, заедно со ветеранот Марко Бернал, се резерви во Б тимот.

Но, и тој тим изгледа страшен. На голот е Шчесни, бекови се Ерик Гарсија и се подобриот Жерар Мартин, а во центарот на одбраната е тандемот што во 2023 година со Чави ја освои титулата – Араухо и Кристенсен.

Во средниот ред е триото – Касадо, Гави и Фермин Лопез, којшто беше одличен на овие подготовки, а во нападот – Рони Барџи и Рашфорд како крилја и Феран Торес како најеиздаден. Иако Рашфорд и Торес можат да си ги заменуваат позициите.

Во суштина, изгледа дека и „вториот“ тим на Барселона е импресивен и би можел да се натпреварува за врвот на Ла Лига кога би се конкурирал одделно од првиот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал пронајде замена за Модриќ: Ќе биде потребно најголемиот трансфер во историјата на клубот

Реал Мадрид размислува за иднината на својата средна линија со оглед на тоа што Тони Кроос…