Дома Фудбал Касано: Италијанското првенство е мизерно, не буди никакви емоции

Касано: Италијанското првенство е мизерно, не буди никакви емоции

Поранешниот италијански напаѓач Антонио Касано (43) упати остра критика на сметка на квалитетот на Серија А, тврдејќи дека лигата ја одржува жива исклучиво страста на навивачите, додека фудбалската сцена во Италија е во целосна стагнација. Касано смета дека на играта ѝ недостасува ритам и флуидност, со прекумерно одолжување што ја прави гледањето на некои натпревари вистинска „мака“, а падот на квалитетот се одразил и на слабите резултати на италијанските клубови во Европа, пишува Goal.com.

Последните резултати на италијанските тимови во Лигата на шампионите биле повод за неговите зборови. Интер беше единствениот клуб што оствари победа, совладувајќи го белгискиот Унион со убедливи 4:0.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Наполи под водство на тренерот Антонио Конте доживеа шокантен пораз 6:2 од ПСВ, додека проблемите на Јувентус продолжија со пораз 1:0 од Реал Мадрид, со што нивниот низа без победа продолжи на седум натпревари. Разочарувачката недела ја заокружи Аталанта на Иван Јуриќ, играјќи 0:0 со прашката Славија.

Овие неуспеси поттикнаа нова расправа за состојбата на италијанскиот фудбал. Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Милан тврди дека бавниот стил на игра, одолжувањето и недостатокот на реформи довеле до брутално досадна игра во Серија А.

„Италијанското првенство е мизерно, не нуди никакви емоции. Само страста на навивачите го држи на живот, но квалитетот е навистина низок. Тоа е непријатно, речиси срамно. Гледањето на некои натпревари е мака. Нема ритам, нема спектакл”, изјави Касано.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов проблем за Флик: Уште еден фудбалер можеби ќе го пропушти „Ел Класико“.

Лошите вести за Барселона не престануваат пред претстојното Ел Класико кое е закажано за н…