
Манчестер Јунајтед пропушти голема шанса во гостувањето кај Њукасл, а нервозата на клупата беше очигледна во текот на целиот натпревар. Мајкл Карик беше бесен на своите играчи поради пристапот и бројните грешки кои на крајот скапо ја чинеа екипата.
Мајкл Карик не можеше да го сокрие гневот по натпреварот на „Сент Џејмс Парк“.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Тренерот на Манчестер Јунајтед беше посебно лут поради, како што сметаше, премногу опуштениот пристап на неговите играчи во важниот меч.
Тоа беше една од најслабите партии на тимот откако Карик повторно го презеде раководството. Во текот на натпреварот повеќе пати бурно реагираше покрај аут линијата.
Во еден момент заедно со својот соработник Стив Холанд почна да вика на играчите да го подигнат темпото на играта.
Најдобро реагираше Бруно Фернандеш. Португалецот се обидуваше да го покрене тимот и да преземе одговорност на теренот.
Карик во еден момент мораше дури да го смирува Фернандеш и да бара од него да престане да се расправа со судијата.