
Малку кој фудбалер може да се пофали со толку разнолика, а истовремено успешна кариера како Данило. Во текот на 13 години поминати во Европа, 33-годишниот Бразилец освојуваше титули во секоја земја во која играше – во Португалија, Шпанија, Англија и Италија.
Во моментов е повторно во својата татковина, каде настапува за Фламенго, со цел да освои уште еден трофеј и да обезбеди место на Светското првенство во 2026 година. Десниот бек, познат по својот уникатен стил на игра, неодамна отворено зборуваше за времето кое го поминал под водството на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, каде играше од 2017 до 2019 година.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
“Гвардиола ми го промени животот! Тој на своите играчи им дава образование, и тоа е најважната работа која се однесува на неговата тренерска работа. Тој на сите свои играчи им дава иста фудбалска филозофија – време, простор, движење, посед на топката. Тој ви ја објаснува значењето на секоја позиција на теренот и ги доживува натпреварите емотивно како никој друг”, открива Данило и објаснува:
“Гвардиола буквално ми го ‘испра’ мозокот, но на добар начин. Беше како да сум на универзитет. Искуството со него ми овозможи подигање на нивото на игра, и тоа го задржав до денес. Не дека претходно бев незнајко, но сфатив дека играв фудбал на сосема погрешен начин. Ако претходно го имав сретнато Гвардиола, мојот живот ќе беше многу полесен. Многу ми е драго што можев да играм под негово водство и што ја имав таа можност да учам од него”, заклучи Бразилецот.