
Познатиот тренер ја истакнува добрата техника на репрезентацијата на БиХ, за која верува дека е поквалитетна од синоќешниот ривал на „Аѕурите“.
Фабио Капело, познатиот експерт, не ја криеше својата воодушевеност по синоќешната победа на Италија против Северна Ирска во полуфиналниот натпревар од баражот за учество на Светското првенство.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Аѕурите“ на свој терен ја совладаа Северна Ирска со головите на Сандро Тонали и Моасе Кеан во второто полувреме, и во вторник, 31 март, ќе гостуваат на Билино Поле, каде ќе ги одмерат силите против „Змаевите“ во финалето на баражот.
– Сега во финалето нè чека БиХ, противник кој има добра техника и сигурно се супериорни во однос на Северна Ирска. И покрај тоа, морам да бидам искрен. Кога станува збор за борбен дух и ритам, Велс би ни бил многу покомплицирана пречка, особено на нивното тло, изјави Капело.