Дома Фудбал Капело почна да го брани Влаховиќ, но веќе е доцна

Капело почна да го брани Влаховиќ, но веќе е доцна

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело верува дека Душан Влаховиќ и стратегот на Јувентус Тијаго Мота не се создадени еден за друг.

Сезоната на српскиот напаѓач по доаѓањето на Тијаго Мота во Торино беше ветувачка. Меѓутоа, како што одминуваше времето, така и Душан сѐ повеќе се губеше во тактичките замисли на италијанскиот стручњак со бразилски корени.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Незадоволството се пренесе од самите главни актери и на обожавателите, и имаше непријатни ситуации на штета на српскиот напаѓач.

Познатиот Фабио Капело застана во одбрана на репрезентативецот на Србија сметајќи дека тој и Тијаго Мота никако не се компатибилни.

„Грешка е тоа како е третиран Влаховиќ. Никогаш не постоеше вистинска врска меѓу него и Мота. Во почетокот се обиде да го користи, но потоа ја отфрли таа идеја. Јасно е, Влаховиќ не се вклопува во системот на Мота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Медицинскиот тим на Реал направил срамна грешка при дијагностицирањето на повредата на Мбапе

Медицинскиот тим на Реал Мадрид направил скандалозна грешка при дијагностицирањето на повр…