Премиер лигата денес официјално потврди дека Евертон останува без десет бодови поради кршењето на правилата на финансискиот фер-плеј, а оваа казна може да биде само почеток пред она што следува.
Под истрага на Фудбалскиот сојуз на Англија веќе подолго време се Манчестер Сити и Челзи кои според зборовите на поранешниот советник и адвокат на „граѓаните“, Стефан Барсон им се заканува исфрлување од лигата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Казната за Евертон може изгледа груба, но тоа значи дека може да се зголемат санкциите против Сити и Челзи под услови да се потврдат доказите. Потенцијално би можело да значи нивно исфрлање од лигата“, објави Борсон.
Сити се соочува со 115 обвиненија за кршење на финансискиот фер-плеј во Премиер лигата, додека Челзи имаше финансиски прболеми кои беа поврзани со поранешниот сопственик Роман Абрамович.
Евертон по одземените бодови падна на претпоследното место со само четири бода колку што има и последнопласираниот Барнли.
Chelsea and Man City look set to face RELEGATION from the Premier League after Everton's 10-point deduction if they are found guilty of breaking FFP rules 🚨https://t.co/MBJXMdJZg0
— Mail Sport (@MailSport) November 17, 2023