Тибо Куртоа му одговори на Луис Ван Гал, но и зборуваше за својата иднина во Челзи.
Тајни преговори со Пари Сен Жермен, па Реал Мадрид, а на крајот и новиот договор. Тибо Куртоа е уморен од натписите во медиумите поврзани со неговото останување во Челзи, па во разговор за белгиските медиуми се обиде малку да ја разјасни ситуацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Малку сум уморен од тоа секогаш да зборувам за својата иднина. Имам уште една година од договорот и морам да разговарам со луѓето во клубот, но знам дека и следната сезона ќе бидам во Челзи. Тоа дали ќе дојде до соработка или не би сакал да го разјаснам пред почетокот на Светското првенство“, зборуваше Куртоа.
Репрезентативецот на Белгија потоа проговори и за критиките од Луис Ван Гал поради примените голови против Барселона кои ги нарече „глупави грешки“.
„Кога ќе ги случнам т.н стручњаци, мислам дека не знаат ништо за голманите, како Ван Гал на пример. Таквите луѓе не би требало да зборуваат за голманите. Знам дека работам добро и дека сум во голема форма пред почетокот на Мундијалот“, изјави Куртоа.
Куртоа веќе четврта сезона во низа брани во Лондон и до сега забележа 147 натпревари во сите натпреварувања. Претходно зброуваше дека му е тешко да живее без семејството кое е во Мадрид.