Македонија во четврток во рамките од Лигата на Нации ќе се сретне со репрезентацијата на Грузија.




Грузија полна со самодоверба влегува во овој натпревар после двете победи против Гибралтар и Бугарија. Најдобриот играч на Грузијците Квича Квачарелија порача дека посакуваат одмазда против Македонија за нашата победа во финалето во Тблиси преку коај обезбедивме настап на Европското првенство.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Победата против Бугарија ни дава дополнителен мотив пред гостувањето во Македонија. Тој натпревар е многу важен за нас затоа што во Скопје одиме по одмазда за тој пораз во Тблиси. Македонија е наш должник, ни го зема Европското првенство и сега сакаме да се одмаздиме. Не криеме дека нашата цел е првото место во групата“, изјави Квачаралеија.