Дома Фудбал Јувентус не престанува да троши, по Влаховиќ пристигнува напаѓач од 85 милиони евра?

Јувентус не престанува да троши, по Влаховиќ пристигнува напаѓач од 85 милиони евра?

Клубот од Торино внимателно ги разгледува опциите за замена на Душан Влаховиќ, чиј престој станува се понеизвесен бидејќи влегува во последната година од договорот, па многу имиња се споменуваат како потенцијални засилувања во нападот на “бјанконерите”.

Како што пишуваат медиумите во Италија, Јувентус планира да вложи 85.000.000 евра за доведување на Виктор Осимен како замена за Влаховиќ.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Нигерискиот напаѓач, кој во моментов игра за Галатасарај, постигна 24 гола во 27 лигашки натпревари, а иако Осимен има клаузула од 75.000.000 во договорот со Наполи, Јувентус е подготвен да понуди повеќе за да го обезбеди неговото доаѓање.

Покрај Осимен, Јувентус размислува и за Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед, како и за Адемола Лукман од Аталанта чија цена се проценува на околу 60.000.000 евра.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврдена е казната на Дин Хаусен

Апелационата комисија на Шпанската фудбалска федерација денес ја потврди одлуката на Дисци…