Дома Фудбал Јувентус не може гол да даде, Тудор го прашаа за откааз – еве што одговори!

Јувентус не може гол да даде, Тудор го прашаа за откааз – еве што одговори!

Јувентус загуби од Лацио и продолжи низата натпревари без победа, како и без постигнат гол. Многу луѓе сметаат дека се тресе столчето на тренерот Игор Тудор, но според неговите зборови, тоа воопшто не го загрижува.

Четврт натпревар по ред, Јувентус не успеа да ја затресе мрежата на противниците, што последен пат му се случило во 1991 година. Веќе речиси месец дена „Старата дама“ не може да постигне гол, што јасно укажува на криза во играта, а многумина ја посочуваат одговорноста кон тренерот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


– Сите сме одговорни. Треба да се потрудиме да бидеме подобри и да останеме обединети. За неколку дена имаме друга шанса и верувам дека победата ќе нè насочи кон вистинскиот пат – изјавиТудор.

И покрај навестувањата за промени, хрватскиот тренер не се плаши од отказ.

– Луѓето постојано ме прашуваат дали сум загрижен за иднината, но јас не мислам на себе. Воопшто не се грижам за иднината. Она за што се грижам е како да ги подобриме работите.

Очигледно, неефикасноста е главниот проблем на овој тим.

– Почнавме со двајца напаѓачи, во еден момент имавме четири офанзивци. Сепак, нешто недостига во нападот. Би сакал да истакнам дека постојано нагласувам да не правиме грешки, но тие постојано се појавуваат и ние ги губиме натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Обезбедувањето го држеше Винисиус да не го нападне Јамал – познато е што му викал

Реал Мадрид на свој терен ја победи Барселона со 2:1 во десеттото коло на Ла Лига. Со триу…