
Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус во јануари сака да го засили нападот и дека на Душан Влаховиќ конкуренцијата ќе му дојде од Реал Мадрид.
Старата дама ниту оваа сезона не игра на нивото кое се очекува, поради што раководството на клубот ќе се обиде во јануари колку толку да го засили тимот за вториот дел од сезоната.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми наведуваат дека главната цел е да се засили врвот на нападот, бидејќи во Јувентус не се премногу задоволни од игрите на Душан Влаховиќ и неговата голгетерска форма.
Исто така, сѐ повеќе се шпекулира дека тие сакаат да се ослободат од Влаховиќ на крајот од оваа сезона и дека ќе се обидат уште во јануари да најдат напаѓач кој би можел да биде нивна прва опција во врвот на нападот.
Со Јувентус се поврзуваат неколку имиња, но од Апенините стигнува информација дека тие најмногу се заинтересирани за напаѓачот на Реал Мадрид – Гонзало Гарсија.
Гарсија ги воодушеви со игрите во дресот на Реал на Светското клупско првенство, но откако Килиан Мбапе се опорави, тој оваа сезона најчесто го гледа од клупата за резервни играчи.