Дома Фудбал Јувентус ќе го задржи Калулу, Милан ќе добие 14 милиони евра на три рати

Јувентус ќе го задржи Калулу, Милан ќе добие 14 милиони евра на три рати

Фудбалскиот клуб Јувентус денеска соопшти дека го откупил одбранбениот играч Пјер Калулу од Милан и дека тој потпишал договор до 2029 година.

Калулу минатата сезона играше на позајмица за Јувентус, кој ја искористи опцијата во договорот и потпиша договор со 25-годишниот француски фудбалер до 30 јуни 2029 година.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


„Ова е првиот роденден во црно-бело за Пјер Калулу. Францускиот дефанзивец денеска полни 25 години, а велиме ‘прв’ бидејќи по првата сезона на позајмица, клубот ја искористи опцијата да потпише траен договор со него“, се наведува во соопштението на клубскиот сајт.

Калулу оваа сезона одигра 39 натпревари за црно-белите во сите натпреварувања и постигна гол. Јувентус ќе плати за Калулу 14.300.000 евра во три години, со дополнителни трошоци кои вкупно изнесуваат до 300.000 евра и потенцијални бонуси до 3.000.000 евра, во зависност од настапите.

Калулу моментално е со репрезентацијата на Франција, а ќе игра за Јувентус на Светското клупско првенство, кое започнува на 14 јуни во САД.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Какво лудило: Турците оставија над пет милиони коментари на објавата на Санчо!

Англискиот офанзивец Џејдон Санчо (25) веројатно немаше поим дека неговата објава од 24 ју…