
Јувентус, под водство на Игор Тудор, подготвува нов договор за 20-годишниот турски офанзивец Кенан Јилдиз, објавуваат италијанските медиуми.
Јилдиз брилираше на дербито против Интер (4:3) каде што постигна гол и асистенција, а по три кола од Серија А има еден гол и три асистенции. Наполи и Јувентус водат со максимални девет бода.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Турскиот репрезентативец, кој ја заврши академијата на Баерн Минхен, пристигна во Јуве во 2022 година, а од минатата сезона неговата минутажа во првиот тим значително се зголеми. Минатата сезона ја заврши со 12 гола и 9 асистенции.
Иако Челси понуди 70 милиони евра летово, Јувентус ја одби таа понуда, а сега подготвува нов договор до 2030 година со зголемена плата – 5 милиони евра нето по сезона.