Дома Фудбал Јувентус го „краде“ талентот на Баерн Минхен

Јувентус го „краде“ талентот на Баерн Минхен

Торинскиот Јувентус започна преговори за трансфер на 18-годишниот фудбалер на Баерн, Адин Личина.

18-годишниот офанзивец е член на Баерн Минхен, но многу брзо може да потпише за уште еден фудбалски гигант.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Бидејќи Баерн Минхен сè уште не му понуди продолжување на соработката, Личина води преговори со друг великан – торинскиот Јувентус. Преговорите веќе се одржаа.

Исто така, Борусија Дортмунд ја следи ситуацијата со талентираниот фудбалер, но Јувентус е во одлична позиција да го доведе како слободен фудбалер следното лето.

„Јувентус е во конкретни преговори со Адин Личина, чиј договор со Баерн истекува следното лето“, пишуваат германските медиуми и додаваат:

„Борусија Дортмунд исто така е заинтересирана за 18-годишниот офанзивец. Меѓутоа, со развојот на Кенан Јилдиз, кој имаше сличен пат, Јувентус е во добра позиција да го убеди да дојде во Торино“.

Баерн ќе се обиде да го задржи. Сепак, уште не му понудиле продолжување на соработката на овој фудбалер.

Треба секако да се истакне дека Личина порано беше поврзуван и со други великани. Милан, Реал Мадрид, Барселона и РБ Лајпциг се интересираа за неговите услуги, но тој остана во Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Апсурд: Најслабиот тим во Европа може да се најде на бараж за Светско Првенство 2026

Сан Марино, убедливо најслабиот национален тим во европските квалификации, неочекувано се …