Дома Фудбал Jувентус ќе го менува Влаховиќ со напаѓач од Манчестер Јунајтед?

Jувентус ќе го менува Влаховиќ со напаѓач од Манчестер Јунајтед?

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Расмус Хојлунд наводно е заинтересиран за премин во Јувентус, кој сака итно да го засили нападот за претстојното Светско клупско првенство, пренесоа денеска италијанските медиуми.

Јувентус воспостави контакт со претставниците на данскиот центарфор, објави денеска „Тутоспорт“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Црно-белите немаат доволно напаѓачи и мораат да донесат засилувања пред Светското клупско првенство, кое почнува на 14-ти јуни во САД.

Се очекува Јувентус да ја заврши соработката со Аркадиуш Милик, кој целата сезона имаше проблеми со повреди и не одигра ниту еден натпревар.

Исто така, на крајот од сезоната истекува позајмицата на Рандал Колу Муани, кој би требало да се врати во Пари Сен Жермен, додека на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ договорот му истекува во 2026 година и се очекува летово да биде на пазарот, бидејќи не сака да остане во Торино.

Јувентус е заинтересиран и за Адемола Лукман од Аталанта и Виктор Осимен, фудбалерот на Наполи кој игра на позајмица во Галатасарај.

Фото: Juventus/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Сампаоли има нов клуб – ќе има плати од три милиони евра!

Познатиот аргентински тренер Хорхе Сампаоли го презеде бразилскиот Атлетико Минеиро. Тимот…