Дома Фудбал Јунајтед ќе води борба со Сити за – голем француски талент

Јунајтед ќе води борба со Сити за – голем француски талент

Манчестер јунајтед има сериозни планови за претстојното лето, барем ако им се верува на медиумите.

Овој пат „Екип“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ се заинтересирани за фудбалерот на Монако Магнес Аклиуш, кој игра одлично оваа сезона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Крилниот играч блесна минатата сезона, а оваа го продолжи истиот ритам, па не остана незабележан од покрај радарот на Јунајтед. Меѓутоа, не се единствени, затоа што како што пренесува „Екип“, Магнес го следат и Сити и Њукасл.

Монако е подготвен да го продаде за 50.000.000, што не би требало да биде проблем за ниеден од овие клубови, особено ако Јунајтед ги продаде сите играчи што ги планирал.

Ако Сити остане без Грилиш, Французинот со алжирско потекло би можел да биде опција.

Фото: Manchester United/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oливие Жиру пред изненадувачки трансфер – се враќа во Европа!

Познатиот француски фудбалер, Оливие Жиру (38), е на чекор да се врати во својата татковин…