
Никола Јокиќ имаше своја турнеја низ Кина, каде што кинеските медиуми го прашале и за Јанг Хансен.
Младиот Кинез пристигна во Портланд Трејлблејзерс и со својата игра потсетува на Никола Јокиќ, а Кинезите покажаа и снимка токму од младиот Хансен, кој веќе станува ѕвезда во Кина.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Хансен, кој има 20 години, претходно изјави дека би сакал автограм и слика од Јокиќ, што го насмеало Јокиќ, кој имаше што да каже.
„Да, добар е и среќен сум за тоа што кога ќе биде во својот прајм, јас нема да бидам во НБА лигата, за две години… А можеби и ќе бидам, всушност. Талентиран е и можеме да се сликаме, можеме што и да посака, но само ако игра лошо против мене. Ако го поразам и постигнам многу поени, тогаш да. Ако тој го направи тоа, тогаш не”, порача низ насмевка Никола Јокиќ.
Фото: Принтскрин