Дома Останати Кошарка Јокиќ синоќа го доживеа најголемо понижување од кога игра во НБА лигата (Фото)

Јокиќ синоќа го доживеа најголемо понижување од кога игра во НБА лигата (Фото)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра синоќа уште една одлична партија, но понижувањето што го доживеа со Денвер Нагетс (103-142) во дуелот против Њујорк Никси сигурно ќе го памти долго време.

Денвер пред своите навивачи ги пречека екипата на Никси и се очекуваше Нагетсите да продолжат со победите, но никој не ни сфати каква катастрофа им се заканува.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Никола Јокиќ после повредата полека се враќа во вистинска форма, бидејќи и синоќа одигра одличен натпревар, но недостасуваше поддршка од неговите соиграчи кои беа целосно незабележителни.

Сепак, и покрај сè, малку кој очекуваше дека Денвер ќе доживее токму таков дебакл на својот терен и пораз од речиси 40 поени разлика.

Сепак, најефикасниот на натпреварот беше Јокиќ кој за 31 минута на паркетот постигна дури 38 поени, додаде осум скокови и пет асистенции, но Србинот беше единствениот на ниво во својата екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ му удри шлаканица на Дончиќ, предизвикувајќи реакција и барајќи објаснување од судиите.

Денвер Нагетс извојуваа победа против Лос Анџелес Лејкерс со резултат 120:113 и во првата …