
Денвер Нагетс се подготвуваат да понудат нов највреден договор на Никола Јокиќ, и веќе знаеме на која сума се мисли, кога станува збор за ова.
Денвер неодамна одлучи да го продолжи договорот со тренерот Дејвид Аделман, а веднаш по завршување на сезоната, еден од клучните потези ќе биде новиот договор за Никола Јокиќ. Кога ќе ја видите сумата, навистина ќе ви се заврти во главата.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
За настаните во Денвер разговараа Шемс Шаранија, еден од најдоверливите НБА инсајдери, и Сем Амико од „Hoops Wire“.
Тие исто така забележаа дека составот на тимот ќе се промени следната сезона.
„Сега го имаат својот главен тренер. Дејвид Аделман, кој ја заврши сезоната како вршител на должност, сега е официјално именуван како тренер на Нагетс по Мајкл Мелоун. Тимот беше само на една победа од финалето на Западната конференција. Денвер игра импресивно откако Аделман го презеде во исклучително тешки околности. Слушнавме и мислења од Никола Јокиќ, Ерон Гордон и други кои изразија желба тој да остане. Сепак, тие стојат пред големи одлуки. Се уште не знаеме кој ќе биде генерален менаџер. Очаекуваме големи промени во Денвер Нагетс. Овој состав нема да остане ист следната сезона“, изјави Шемс Шаранија.
Нагетс располагаат со само два помлади избори за трејд до 2032 година.
„Никола Јокиќ е столбот на тимот, но Нагетс и понатаму му треба поддршка. Според извори, тие се двоумат дали да се разделат од играчи кои се дел од шампионскиот состав од 2023 година. Џамал Мареј, Ерон Гордон, Мајкл Портер Џуниор и сега Кристијан Браун би можеле лесно да се најдат во друга средина. Секако, Јокиќ не оди никаде“, забележа Амико.
Иднината на Јокиќ во тимот е сигурна, што Денвер ќе го потврди со понуда на нов договор за центарот.
„Кога играте со вонсериски талент како Никола Јокиќ, обновувањето на неговиот договор е приоритет. Денвер Нагетс можат да му понудат на Јокиќ тригодишен договор вреден 212,2 милиони долари по завршувањето на финалето на НБА“, констатираше Амико.
Денвер ја заврши сезоната со пораз од Оклахома Сити Тандер во четврт-финалето на лигата (4:3 во серијата).