
Кошаркарите на Денвер Нагетс ја победија екипата на Лос Анџелес Клиперс со резултат 101:99 и го изедначија резултатот на 2:2 во плејоф серијата на НБА лигата.
Неверојатен натпревар во „Интуит домот“ во градот на ангелите, каде што Нагетс преку Арон Гордон по шутот на Никола Јокиќ остварија голема победа над Клиперс. Се покажа дека ова е најдоброто „промашување” во кариерата на Јокиќ.
Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Следеа снимките од судиите за да утврдат дали поените пристигнале навреме, што многу брзо беше потврдено, а Јокиќ за време на тоа чекање седење на клупата без посебни емоции, делумно малку и фрустриран бидејќи неговиот тим прокоцка предност од 22 поени, но и затоа што почетната петорка која ја избра Дејвид Аделман играше над 42 минути, додека се користеа уште четворица играчи од кои само Пејтон Вотсон собра двоцифрен број на минути.
Јокиќ натпреварот го заврши со неверојатни 36 поени и 21 скок, а запиша и осум асистенции. Мајкл Портер Џуниор и Кристијан Браун уфрлија по 17.
На спротивната страна, Каваи Ленард имаше 24 поени, Норман Пауел додаде 22, а Ивица Зубац 19, со 12 скокови и шест асистенции. Богдан Богдановиќ го завши натпреварот со седум поени.
AARON. GORDON. FOR. THE. WIN. pic.twitter.com/jinNM1QrNt
— Denver Nuggets (@nuggets) April 27, 2025
Фото: Грок АИ