
Денвер Нагетс извојуваа победа против Лос Анџелес Лејкерс со резултат 120:113 и во првата четвртина од натпреварот дојде до интересен настан помеѓу српскиот кошаркар Никола Јокиќ и Словенецот Лука Дончиќ.
Имено, додека Јокиќ беше во напад, Дончиќ им се приклучи на двајцата одбранбени играчи на Лејкерс.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Во тој момент центарот на Нагетс ненамерно го удри Дончиќ по лицето, по што Словенецот ја прекина акцијата и седна на паркетот.
Раката на Никола Јокиќ го зафати Лука Дончиќ по лицето; се свири фаул на Јокиќ додека тој се расправа со одлуката. Предизвикот на Нагетс не беше успешен.
— MrBuckBuck (@MrBuckBuckNBA) March 6, 2026
Јокиќ со 4 загубени топки во првите 7 минути од натпреварот pic.twitter.com/DFB05xgBPg
Изненаден, Јокиќ ги рашири рацете во обид да дознае зошто беше прекината играта.
Сепак, Јокиќ имаше повеќе причини за задоволство од словенечкиот ривал бидејќи Денвер ја запечати 37. победа во 59 натпревари од сезоната, додека Лејкерс имаат резултат од 33:24.
Српскиот кошаркар го запиша 23. трипл-дабл оваа сезона со 28 поени, 12 скокови и 13 асистенции, додека Дончиќ заврши со 27 поени, 11 скокови и седум асистенции.