Дома Фудбал Јокиќ му држеше „лекции“ на Зајон, трипл-дабл за помалку од половина час (Видео)

Јокиќ му држеше „лекции“ на Зајон, трипл-дабл за помалку од половина час (Видео)

Никола Јокиќ одлично го започна новата сезона и запиша нов трипл-дабл. Тој на натпреварот со Њу Орлеанс Пеликанс забележа 21 поен, 12 скока и 10 асистенции.

Тоа беше четвртиот последователен трипл-дабл на почетокот од оваа сезона и Јокиќ така се изедначи со само двајца играчи кои досега во историјата на НБА лигата успеале да ја почнат сезоната со трипл-дабл учинок. Тоа се неговиот поранешен соиграч Расел Вестбрук и неверојатниот плејмејкер Оскар Робертсон.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Трикратниот НБА МВП ја започна сезоната со 21 поен, 13 скока и 10 асистенции во натпреварот со Голден Стејт, забележа 14 поени, 14 скока и 15 асистенции против Феникс, а на натпреварот со Минесота имаше 25 поени, 19 скока и 10 асистенции.

Одлично ја започна сезоната, бидејќи за тоа време неговиот тим забележа само еден пораз, така што Денвер со новите засилувања значително е подобар од минатата сезона. 

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите”…