
Кошаркарскиот тренер Небојша Вагиќ зборуваше во интервју за „Меридијан спорт“ за својот кум Никола Јокиќ. Трикратниот МВП на НБА лигата сè уште не ја објавил конечното решение за тоа дали ќе настапи на претстојниот Евробаскет, но Вагиќ тврди дека еден од приоритетите на ѕвездата на Нагетси е да направи нешто големо за својот народ.
Вагиќ вели за „Меридијан спорт“ дека придонесот на Јокиќ не се заснова на бомбастични изјави, туку на она што може практично да го направи.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
„Својот пример и тишината ги мотивира другите, никогаш не се жали, а е најдобриот. Неговото присуство ја прави репрезентацијата многу подобра. Води со пример. Кога е најтешко на теренот, секогаш е тука. Тој сака злато, најмногу за оваа држава и не треба никој ништо да му каже за тоа. Сака тоа да го направи, не за да му честита некој, туку за да направи нешто за својот народ“.
Фото: Принтскрин