Изминатата вечер тимот на Дневер славеше победа од 113:107 против Милвоки во еден драматичен натпревар, а како и вообичаено и на овој натпревар во центарот на вниманието беше Никола Јокиќ.
Српскиот кошаркар стигна до својот 119-ти „трипл-дабл“ во кариерата и го заврши натпреварот со 25 поени, 16 скока и 12 асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јокиќ посебно се истакна во последната четвртина која беше и најважна. Со овој трипл-дабл, Јокиќ се зацврсти на четвртото место на вечната листа во НБА бегајќи му на Леброн.
Пред Јокиќ е легендарниот Меџик Џонсон со 138 трипл-дабл во кариерата, како игра Јокиќ нема да биде изненадување ако го престигне уште во оваа сезона.