Дома Фудбал Јашари: Отсекогаш сум сакал да преминам само во Милан

Јашари: Отсекогаш сум сакал да преминам само во Милан

Новото засилување на Милан Ардон Јашари денес беше претставен пред италијанските медиуми како фудбалер на клубот.

На специјалната прес-конференција, играчот од средниот ред зборуваше за огромната своја желба да се оствари неговиот трансфер, како и за одличните први впечатоци од атмосферата кај “росонерите”.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Чувствата ми за овој клуб се неверојатни. Ова е исполнет сон не само за мене, туку и за моето семејство. Тука сум од неодамна, но добив страхопочит увекување од сите. Се прилагодувам добро и чест ми е да бидам тука. Секој знае дека преговорите беа долги, но уште од првите контакти со Милан беше јасно дека сакав да дојдам тука.

Знаев дека нема да биде лесно, затоа што бев важен за Бриж, кој не ме пушташе така лесно. Затоа беше потребно трпение. Игли Таре постојано ми повторуваше дека ќе направи сѐ што може за да ме донесе тука. И покрај тоа што и други клубови се интересираа, јас сакав само Милан“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо го испрати голманот напред кон голот на Реал. Десет секунди подоцна славеше како никогаш

БЕНФИКА со неверојатна победа од 4:2 на домашен терен против Реал, во последното коло од л…