Дома Останати Кошарка Јанис од тешка ситуација донесе победа на Милвоки со звукот на сирената (Видео)

Јанис од тешка ситуација донесе победа на Милвоки со звукот на сирената (Видео)

Јанис Адетокумбо повторно покажа зошто е еден од најдобрите кошаркари на денешницата. Грчкиот ас му донесе победа на Милвоки Бакс против Индијана Пејсерс со резултат 117:115, и тоа со неверојатен шут при звукот на сирената!

Во последните моменти од натпреварот, Адетокумбо ја „заледи“ одбраната на Пејсерс – со грб свртен кон кошот, ја спушти топката на левиот лакт, се сврте и од тешка позиција, преку раката на Арон Несмит и Исаија Џексон, погоди за победа! Топката високо полета, прелета над блокадата и незапирливо помина низ обрачот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Со оваа победа, Милвоки го продолжи добриот серијал, додека Индијана, минатогодишниот шампион на Истокот, падна на скор 1:6 и веќе петти пат изгуби натпревар со разлика помала од шест поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатниот Дончиќ даде 60 поени. Лејкерси не виделе вакво нешто од последниот натпревар на Коби

ЛУКА ДОНЧИЌ ја покажа својата неверојатна форма со победата на Лејкерс против Мајами со 13…