Дома Останати Кошарка Јанакопулос сакаше да се тепа со навивачи, па ѝ бегаше на полиција преку гаража (Видео0

Јанакопулос сакаше да се тепа со навивачи, па ѝ бегаше на полиција преку гаража (Видео0

Контроверзниот претседател на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, успеа да избега од полицијата која дојде да го уапси.

Се случуваше сето тоа во „Сала на мирот и пријателството”, домот на Олимпијакос, каде што се играше втората утакмица од финалната серија на грчкото првенство.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Јанакопулос бил исфрлен од салата пред средбата, бидејќи сакал физички да се пресмета со навивачите на Олимпијакос од првите редови. Од соопштенијата на клубот, можеше да се прочита дека му спомнувале малолетната ќерка од приврзаниците на домашниот клуб.

Истовремено, се огласи и Олимпијакос, кој во соопштението навел дека „Јанакопулос наскоро ќе биде уапсен по налог на обвинителот“.

И полицијата навистина дојде по сопственикот на Панатинаикос. Тој влезе во конфликт со нив во ходникот на салата, ги снимаше со мобилен телефон и објавуваше снимки на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мајами потроши богатство за новиот договор на Никола Јовиќ

Никола Јовиќ ќе потпише нов, повеќемилионски договор со Мајами. Како што пренесува Шамс Ча…