
Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, наскоро ќе го замени своето скромно живеалиште со поранешната вила на Жерард Пике и Шакира, вредна околу 14 милиони евра. Пред да се пресели, тој на своите фанови им даде шанса да ѕирнат во неговиот приватен живот. Во својата јутјуб тура низ домот, 18-годишниот фудбалер откри неколку интересни аспекти, вклучувајќи го и невообичаениот изговор зошто вели дека „не може да има девојка“.
Јамал моментално дели стан со својот пријател Сохаиб и роднината Мохамед Абде. Нивниот простор е исполнет со предмети кои го одразуваат неговиот карактер. Како втор најдобар фудбалер на светот, Јамал е љубител на акциони фигури, плишани играчки и ужива во Плејстејшнн и Нинтендо. Како типичен тинејџер, тој признава дека понекогаш не одржува ред во собата,.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Но, за него е исклучително важно како забележува мирисот во домот. „Важно е домот да мириса убаво“, изјави тој. „Обожавам мирис на ванила. Сè во мојата куќа мириса на ванила, дури и мојот сапун. Навистина убаво мирисам.“
И покрај славата, успехот и богатството, Јамал во шега вели дека би му било тешко да најде девојка. Причината, според него, е неговата чудна ноќна навика – будење среде ноќ за да јаде колачиња. Показувајќи на залихите со колачиња покрај креветот, тој образложи:
“Се обидувам да заспијам рано за да би се разбудил среде ноќ. Ќе помислите дека станувам да проверам колку е часот и да се уверам дека можам уште да спијам. Не, јас го правам тоа за да јадам колачиња. Ова го обожавам. Поради тоа не можам да имам девојка, бидејќи се будам ноќе.“
Од многуте трофеи и сувенири, Јамал го издвојува својот омилен. Од посебна кутија извлече топка од полуфиналниот натпревар на Европското првенство 2024 против Франција. „Најдрагата работа во мојата куќа, топката со која постигнав гол против Франција“, изјави тој со насмевка.