
Во времето на социјалните медиуми, Тикток и Инстаграм, фудбалот не е повеќе само игра на теренот, туку стана многу повеќе од тоа, и малкумина го разбираат тоа подобро од Барсовиот Ламин Јамал.
И додека во Реал Мадрид неговите играчи главно не се појавуваат слободно пред камерите и не објавуваат лични видео-записи, Јамал тоа одамна го прави без срам.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Шпанските медиуми потсетуваат на видео снимено кое самиот Барселонин тинејџер го објави пред неколку години, во кое покажува делови од својот дом и споделува моменти од секојдневниот живот со своите следбеници на YouTube, нешто што во Реал речиси никогаш не би го виделе, бидејќи клубот строго контролира такви појави и не гледа со разбирање на изложувањето на играчите на интернет на таков начин.
Додека Реал Мадрид и членовите на неговата академија внимаваат да не даваат премногу “домашни” содржини бидејќи клубот сака да го контролира имиџот и пораките што излегуваат надвор од официјалните канали, Јамал се однесува како да е неговата кариера исто толку важна и надвор од теренот како и на него.
Неговите стари видео-записи, во кои покажува својот живот и околината, јасно покажуваат дека има поинаков пристап кон социјалните мрежи, пристап што во Реал речиси сигурно би бил забранет или барем силно ограничен.