
Фудбалерите на Барселона лесно го совладаа Виљареал во 17. коло на Примера (2:0), и така ја запишаа својата осма последователна победа во шпанската елита.
Избраниците на Ханси Флик го отворија резултатот во 12. минута, кога Рафинја непогрешливо ја реализираше најстрогата казна.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Потоа следеше шоуто на Ламин Јамал. Прво, Ренато Веига во 39. минута доби директен црвен картон за невнимателен старт врз суперталентираниот 18-годишник, за во 63. минута шпанскиот репрезентативец да ги згасне сите надежи на домаќините.