Денес Данска ќе биде домаќин на Македонија после натпреварот во кој ги изненадивме во Скопје.
Пред денешниот натпревар зборуваше селекторот на Данска, Николај Јакобсен.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Најважно е да се пласиравме на Европското првенство, не е важно дали ќе бидеме први или втори. Секако ќе биде неуспех ако паднеме на третата позиција. Натпреварот е од големо значење за нас. Ќе играме и за да го добиеме директниот двомеч со Македонија од која загубивме пред неколку дена“, изјави селекторот на Данска.
Традицијата е на страната на Данска и сигурно дека ќе бидат фаворити. Дуелот Данска – Македонија се игра денес од 16:00 часот.