Дома Фудбал Италија Jувентус има вистински „бисер“: Кенан Јилдиз денес испиша историја

Jувентус има вистински „бисер“: Кенан Јилдиз денес испиша историја

Јувентус денес во терминот од 12:30 потешко од очекувањата го совлада Фросиноне со 2:1, а на овој натпревар гол постигна и младиот Кенан Јилдиз.

Алегри на Јилдиз му даде шанса од првата минута на теренот, а тој му возврати на најдобар можен начин. Се играше 12-тата минута кога со одличен потег исфрли тројца фудбалери на Фросиноне, одлично шутираше и го отвори резултатот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Со овој гол Јилдиз стана најмладиот стрелец во историјата на Јувентус со 18 години и 233 дена. Треба да се напомене и дека ова беше прв натпревар на Јилдиз како стартер.

Фросиноне во второто полувреме стигна до изедначување, додека трите бода за Јувентус ги обезбеди Душан Влаховиќ со гол во 81. минута. Во самата завршница Влаховиќ уште еднаш ја затресе мрежата, но тој гол беше поништен поради офсајд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Газдите обезбедија финансиска гаранција: Лион избегна историски срам

Фудбалскиот клуб Лион останува во најсилната француска лига, откако е прифатена жалбата на…