Поразот од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп за Реал Мадрид беше голем удар, а Карло Анчелоти се најде на мета на сериозни критики поради што реши дека е време да ги „протресе“ работите во екипата на кралскиот клуб.
Иако Реал во претходните сезони бележеше одлични резултати под водството на Анчелоти, евидентно е дека оваа сезона работите во Мадрид не одат како што планираа.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Со доаѓањето на Килијан Мбапе се очекуваше дека Реал Мадрид ќе биде незапирлив, но поради огромни проблеми со повредените играчи и фактот дека Французинот не се вклопи најдобро во екипата, сè уште не изгледа онака како што треба.
Јасно е дека Мбапе полека ја крева формата и се враќа на нивото на кое беше во ПСЖ, но исто така е очигледно дека Реал во многу натпревари мака мачи кога е во прашање нападот.
Анчелоти веќе проба неколку различни тактики, но по силни критики реши да го користи нападот со „убиствениот“ трио Винисиус Жуниор, Родриго и Џуд Белингем, на кои им се додаде и Мбапе.
Сепак, сега изгледа дека на сите им е јасно дека тоа не функционира како што се очекуваше, и дека е потребно да се обрне внимание и на одбраната, која Реал Мадрид доста ја трпи оваа сезона.
Бидејќи се премногу офанзивни, тоа остава простор за противникот, а какви последици може да има Реал најдобро покажа дебаклот од Барселона пред неколку дена во финалето на шпанскиот Суперкуп.
Шпанските медиуми наведуваат дека Анчелоти решил да реагира и повторно да промени работите кога се во прашање формацијата и тактиката.
Евидентно е дека одбраната доста страда поради офанзивната поставеност, и Анчелоти има решение кое нема да им се допадне на офанзивците кои се навикнати последно време да играат од првата минута.
Тоа се разбира се однесува на Мбапе, Винициус, Родриго и Белингем, затоа што еден од нив ќе мора да седне на клупата во наредниот период.
Наводно, тоа речиси сигурно ќе биде Родриго кој најмногу трпи со доаѓањето на Мбапе иако Бразилецот имаше навистина неколку феноменални сезони во Реал Мадрид.
🚨 Carlo Ancelotti is seriously considering changing Real Madrid’s game plan in big matches by no longer starting Vinicius, Mbappé, Rodrygo and Bellingham at the same time.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 15, 2025
(Source: @MarioCortegana ) pic.twitter.com/56fmi4K2qG
Анчелоти смета дека тие едноставно не можат сите да бидат во почетниот состав и дека еден од нив ќе мора да почнува од од клупата, а како што стојат работите тоа ќе биде Родриго кој со оваа одлука сигурно нема да биде воодушевен.