Дома Фудбал Останато Изненадување: Хрватот Нико Ковач може да седне на клупата на второлигаш

Изненадување: Хрватот Нико Ковач може да седне на клупата на второлигаш

Како што стојат работите, Хрватот Нико Ковач е пред изненадувачки ангажман и би можел да седне на клупата на германски второлигаш.

Според извори блиски до Ковач, хрватскиот стратег е во преговори со Хамбург, но се наведува и дека додека преговара тој чека и поатрактивна понуда која повеќе би ги задоволила неговите амбиции.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Ковач во редовите на Волфсбург доби отказ по речиси две години на клупата. Клубот го предводеше на 66 натпревари во кои оствари учинок од 23 победи, 17 нерешени натпревари и 26 порази.

Во кариерата Ковач беше тренер уште на: Ајнтрахт, Франкфурт, Баерн и Монако. Исто така ја предводеше и репрезентацијата на Хрватска до 21 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Погледнете со кој тим Мурињо последен пат славел во нокаут фазата на Лигата на шампионите

Жозе Мурињо повторно е елиминиран во нокаут фазата на Лигата на шампионите. Неговата Бенфи…